ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Анис Сефиданис го донесе првиот комерцијално достапен суперкомпјутер NVIDIA® во Македонија

Охрид, 3. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дека Охрид и охриѓани биле пионери во повеќе области докажува и следнава сторија.

Охриѓанецот д-р Анис Сефиданис успеа од Калифорнија, САД во Охрид и Македонија да го донесе првиот комерцијално достапен суперкомпјутер во светот, а ние сме и први во регионот што го добивме.

– Суперкомпјутерот на NVIDIA® е најбрзата работна станица во светот и единствената специјализирана за вештачка интелигенција со четири графички процесори NVIDIA® TESLA V100 Tensor Core, интегрирани со целосно поврзана четиринасочна NVLink™ архитектура, обезбедувајќи моќност од 500 teraFLOPS, еквивалентно на стотици сервери. Ова е воедно првиот комерцијално достапен Суперкомпјутер во светот и кај нас единствен во регионот, објаснува Сефиданис за Супер радио и OhridPress.

Супекомпјутерот може да се види во неговиот истражувачки центар во Охрид, односно Институт за вештачка интелегенција, лоциран во непосредна близина на Супер Радио.

Д-р Анис Сефиданис е универзитетски професор, декан на Факултетот за информатика при Европски Универзитет, а предава и на Воената Академија во Скопје. Сефиданис ги поканува сите истражувачи, научници и уметници, да креираат иновативни решенија базирани на вештачка интелигенција, за решавање на различните предивзици со кои се соочува светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Анис Сефиданис

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука