Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Филмот „Хомо“ на режисерот Игор Иванов – Изи во четврток и петок ќе се прикажува во Струга

Струга, 3. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток и петок, на 5-ти и 6-ти ноември 2020 година, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, премиерно пред струшката публика ќе се прикажува најновиот долгометражен филм „Хомо“ на режисерот Игор Иванов – Изи.

Влезот е 100 денари, а по протокол ќе бидат запазени сите мерки за заштита од корона вирусот (носење маски, средства за дезинфекција и седење на растојание).

Третиот долгометражен филм на Игор Иванов – Изи, „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица- монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов.

Проекциите започнуваат во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука