Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Нов сингл на охриѓанецот Санел Ајрулоски како дел од проектот Waltz in Wires

Охрид, 3. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС – За прв пат на македонски јазик, вчера беше објавена песната „Еден Ден (Како еден век)“, како дел од проектот Waltz in Wires на Санел Ајрулоски.

Песната е снимена во соработка со продуцентот Бранислав Настоски и Јане Тодороски, на бас гитара.

Песната е издадена за независната издавачка куќа „Шарла“ и со истата Waltz in Wires се враќаат со своја прва песна на македонски јазик. „Еден ден (како еден век)“ е современа рефлексија на времето кога
post punk/darkwave стилот беше „официјален став“’ на алтернативната музичка сцена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука