Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Александар Ќулукоски трет на светската Faceit Pro League

Охрид, 4. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охрид има млади луѓе од повеќе области со кои може да се пофали и да се гордее.

Еден од нив е и Александар Ќулукоски кој со својата пасија кон популарната игра Counter Strike освои трето место на светската Faceit Pro League.

Нема достапен опис

Ќулукоски, кој се натпреварува под псевдонимот CacaNito е член на лигата од јануари 2017 година и изминатиов период покажа одлични резултати.

Нема достапен опис

Инаку, проектот Faceit Pro League започна пред три години, со цел да им се обезбеди поле на професионалните играчи и младите таленти. Денес, колото го сочинуваат Faceit Pro лигите и на едно место може да се натпреваруваат врвните кантер страјк играчи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука