Избор Македонија

Заев: Убиството на Нешкоски го извршил полицаец на должност (Видео)

Скопје, 5. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – „Преземавме обврска да ја објавивме целата вистина за криминалното владеење на Никола Груевски“, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција на која ја објави 29-та „Бомба“ како дел од проектот „Вистината за Македонија“.

– Искрено го започнавме проектот кој ја донесе вистината. Вистината е тешка, болна и пече, но вистината е една и единствена и граѓаните мора да ја дознаат од целост. За еден месец навршуваат 4 години откако Мартин Нешкоски беше убиен од страна на полициски службеник додека ВМРО славеше на плоштад. Смртта на младото момче освен болка и револт, отвори и прашање кои до денеска не се затворени. Зошто МВР со денови го прикриваше убиството, зошто одговорноста се сведе индивидуално, зошто никој не понесе одговорност за згаснување на млад живот, изјави Заев.

Според Заев од аудио доказите се слуша признание од Мијалков дека убиството го извршил Игор Спасов, полицаец додека бил на должност, а не Игор Спасов како физичко лице.

– Ќе слушнете како Урко, член на обезбедувањето на Груевски и признал на Јанкулоска дека го прикривале убиството… Власта правела се за никој да не понесе одговорност, се штител партискиот интерес, се штитела Јанкулоска и сите останати. Власта на Груевски скроила план зад превезот зад индивидуална кривичност да се прикрие одговорноста на МВР, посочи Заев. (Крај)

извор: Нова Тв фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави