Избор Култура

Изложба на дела од странски автори по повод Денот на ослободување на Охрид

Охрид, 6. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на ликовни дела од странски автори, по повод 7-ми ноември, Денот на ослободување на Охрид.

Селектор на изложбата е познатиот охридски сликар Славко Упевче. Изложбата ќе биде отворена во 18:00 часот во
изложбениот салон на Центарот за култура, а влезот е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука