Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на патот Струга-Подмоље, повредено едно лице

Струга, 11. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти ноември 2020 година, во 17:20 часот на магистрален пат А-2 од Струга кон село Подмоље, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

-Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Рено лагуна“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од Вевчани и трактор „ИМБ 558“, управуван од С.А.(68) од Струга. Во незгодата С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. Увид на место извршила увидна екипа на Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука