Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Промовиран спотот за ковер-дуетот „Уторак“ на Александар Јосифовски и Ивана Карајан

Охрид, 12. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На официјалниот Facebook профил на младиот пејач, вечерва беше промовиран спотот за ковер-дуетот „Уторак“ на охриѓанецот Александар Јосифовски и Ивана Карајан од Скопје.

Станува збор за обработка на стариот хит на Петар Грашо од 1999 година, за кој беше изработен и посебен видео запис, комплетно реализиран од Кристијан Љушев од охридската „Шпанец“ продукција.

-Во полза на животот и збиднувањата во љубовта… Со еден збор, се’ се случува… Ова е една приказна за тоа… „Уторак“ во наша изведба, порача Александар на социјалните мрежи.

Александар Јосифовски е момчето кое постигна забележителен успех во рамките на годинешното издание не популарното музучко шоу во Србија „Ѕвезде Гранда“.

Сигурен во себе, момче што доминира на сцената, со одличен глас и идеја што да прави со истиот. Пред Александар секако е голема иднина, а потврда за тоа е токму неговата верзија на „Уторак“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука