Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Водата во Свињиштa, Опеница, Косел, Куратица и Речица забранета за пиење

Охрид, 13. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Водата од водоснабдителниот објект во сопственост на месните заедници во селата Свиништа, Опеница, Косел и Куратица и водоснабдителниот објект-извор во сопственост на месна заедница во село Речица се забранува за пиење.

Од општина Охрид информираат дека ова доаѓа по добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Македонија.

– Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, велат од општина Охрид.

Додаваат дека водоснабдителните објекти во горепоменатите села не се во надлежност на ЈП „Водовод“ Охрид и ова јавно претпријатие нема обврска за нивно тековно одржување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука