Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Второто полугодие ќе почне на 21-ви јануари

Битола, 13. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Зимскиот распуст за учениците ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието и ќе се реализира исто како и минатите години, односно во јануари, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на Битола.

Царовска потсети дека во овој период, до 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и ќе се формираат оценки, а до крајот на годината ќе заврши второто тромесечие.

– Второто полугодие за сите ученици ќе почне на 21-ви јануари – потврди Царовска. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука