Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Физичка пресметка пред спортска кладилница во Охрид

Охрид, 14. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти ноември 2020 година, во 19:15 часот, пред кладилница лоцирана на улицата „Кленоец“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 45-годишниот Г.М. врз 28-годишниот К.Л., двајцата од Охрид.

-Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука