Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва ќе се емитува 22. издание на детскиот фестивал „Распеано рибарче“

Охрид, 14. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе се емитува 22. издание на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“.

-Во прекрасен амбиент, во IN Tv, со запазување на сите заштитни мерки помина снимањето на уште десет нови песнички, десет нови хитови. Како и во изминатите 22 изданија за песните се погрижија продуцентите Китрозоски Димче, Карајлевски Јовица и Бараковски Методија. Нов лик во ова издание ќе биде популарниот Јутубер Вик Какратоски, кој направи одлична атмосфера, информираат организаторите.

Овај пат, фестивалот е поддржан од Министерство за култура, а публиката ќе биде од другата страна, покрај малите и големите екрани.

Сите заинтересирани фестивалот можат да го следат на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука