Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Промоција на документарниот филм „Охридските пливачки легенди“ на Љупчо Паункоски

Охрид, 15. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во среда во Охрид ќе се одржи промоцијата на документарниот филм „Охридските пливачки легенди“ на авторот Љупчо Паункоски.

Промоцијата ќе се одржи во Големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18:00 часот.

Љупчо Паункоски е вљубеник во фотографијата, но преку својата камера остава и видео-сведоштва за Охрид, родната Малесија и за луѓе од градот кои оставиле свој печат. По професија е електротехничар кој својот занает несебично им го пренесувал на своите ученици.

Повеќе за него од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука