ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро за три дена изгуби 2 сантиметри, денес на кота од 693,11 м.н.в

Охрид, 16. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро останува во слободен пад и понатаму е под просекот за месец ноември.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,11 м.н.в, што е за 15 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,26 м.н.в).

Охридското Езеро и понатаму под месечниот просек, денес на кота од 693,13 м.н.в

Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 12. степени, што е за 0,8 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Image may contain: text that says 'министерство землоделство, шумарствои водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацила реките природните езера претходнио ден тенденци наредниот ден) 16.11 cm 15.11.20 јегуновце вардар жм вардар 16.11.20 17.11.20 д.капија- просек 86 лепенец баьа к.паланка- 133 60 12 5 24 59 12 5 2 струмица струмица нд 76 сатеска радика табела нд 10.0 23 нд 98 44.93 MHM 1змерени 7:30 часот 146.78 842.32 842.32 = 843.75 вода 14.2 2 ез.преспа охрид змерени 07:30 часот 14.0 9.0 зеро езеро за4 смг смнад нд 12.8 минимум. изработил: м-р директор тодоровски нивна обработка корекција влијание'

Од почетокот на ноември езерскиот водостој беше на кота од 693,12 м.н.в, а од 10-ти порасна за еден сантиметар. Она што останува и натаму да загрижува е што езерото е само еден сантиметар над дозволеното минимално ниво (693,10 м.н.в).

Времето денеска претежно сончево со мала до умерена, а на места повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Максималната температура во Охрид ќе достигне 15. степени.

– Утре и во среда ќе преовладува облачно време, од среда и постудено. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда, и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука