COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во текот на овој месец во Охрид регистрирани 443 новозаболени лица од коронавирус

Охрид, 16. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина на ноември во Охрид се регистрирани 443 новозаболени лица од коронавирус.

Битката со вирусот ја добиле 140 пациенти. За 15 дена регистрирани се и 18 починати лица.

Моментално активни се 536 случаи, а од почетокот на пандемијата евидентирани се 1.156 Во соседна Струга има 312 активни, од вкупно 1.097 регистрирани случаи на заболени лица.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47.050, бројката на оздравени пациенти е 27.364, на починати е 1.305, а бројот на активни случаи изнесува 18.381. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука