Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 16. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ поскапуваат нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензинот Еуросупер БС-95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,50 денари, а Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,384ден/кг и ќе изнесува 27,580ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 60 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 61,50 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 51 денар/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 51 денар/литар

Овие цени ќе важат во наредните седум дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука