Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Намалена цената за паркирање во центарот на Охрид како мерка за помош на угостителите

Охрид, 17. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“, потврдена на седница на Совет, се намалува цената за паркирање во премиум зоната во централното градско подрачје во Охрид, до 25-ти декември. 

Ваквата одлука доаѓа по поднесеното барање од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ за промена на тарифата за паркинг која се однесува на централното градско подрачје поради моменталната ситуација со COVID- 19 и последиците и загубите кои секојдневно ги генерираат угостителите. Од здружението сметаат дека со намалување на цената на паркингот дополнително ќе се зголемела посетеноста на угостителските објекти што во извесна мера би ги ублажило негативните ефекти во нивното работење.

Па, така веќе од денеска еден час паркинг во премиум зоната ќе се наплаќа по 30 денари. Како премиум зона е утврден просторот на улица „Македонски Просветители” од пресекот со улица „Партизанска” до потегот на кружниот тек на плоштадот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука