ноември 17, 2020

Охрид, 17. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро денеска го достигна минимално дозволеното ниво.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,10 м.н.в, што е пак за 16 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,26 м.н.в).

Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 12. степени, што е за 0,8 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Од почетокот на ноември езерскиот водостој беше на кота од 693,12 м.н.в, од 10-ти порасна за еден сантиметар, за сега да го достигне дозволениот минимум.

Во 2017 година езерското ниво се соочуваше со ваква слична состојба на низок водостој, за во 2018 година состојбата да биде дијаметрално спротивна, водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максиум (693,75 м.н.в.) кога достигна ниво и од 694,03 м.н.в.

Останува периодов да се чекаат врнежи од дожд, што позитивно ќе влијаат врз хидролошката состојба на езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука