Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Промоција на документарниот филм „Охридските пливачки легенди“ на Љупчо Паункоски

Охрид, 18. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Охрид ќе се одржи промоцијата на документарниот филм „Охридските пливачки легенди“ на авторот Љупчо Паункоски.

Промоцијата е закажана во Големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18:00 часот.

Љупчо Паункоски е вљубеник во фотографијата, но преку својата камера остава и видео-сведоштва за Охрид, родната Малесија и за луѓе од градот кои оставиле свој печат. По професија е електротехничар кој својот занает несебично им го пренесувал на своите ученици.

Повеќе за него од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука