ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Студенчишко блато конечно под заштита на државата

Скопје/Охрид, 18. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Студенчишкото блато во Охрид, дел од Осоговските планини и скопско Водно добиваат статус на заштитени подрачја, одлучи македонската влада.

Со оваа одлука, започнува постапка за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, како и за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел.

Блатото Студенчишта се наоѓа на надморска височина од 694 до 696 меѓу каналот Студенчишта, реката Рача (на север и на југ) и меѓу регионалниот пат Охрид-Свети Наум и крајбрежјето на Охридското Езеро (на исток и запад). Блатото Студенчишта е валоризирано како природен феномен сочуван со милениуми, кое е од особено значење за еко-системот на Охридското Езеро.

Еколошките здруженија со години водат битка за заштита и ревитализација на Студенчишкото Блато, кое е едно од ретките природни блата во земјата, а кое е валоризирано како „споменик на природата”. Едно од нивните барања беше и Студенчишкото Блато да остане строго заштитена еколошка зона, во која нема да биде дозволено градење. (Крај)

извор: DW фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука