Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученик од ОУ „Кочо Рацин“ награден на ликовната изложба „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“

Охрид, 18. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Петар Илоски, ученик во ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид е меѓу наградените на ликовната изложба „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“.

Изложбата ќе биде отворена денеска во галеријата на Детскиот ликовен центар во Кинотеката на Македонија.

Ќе бидат претставени 242 детски ликовни творби и 23 инфопанели. Поради COVID-19 пандемијата и за максимална заштита на здравјето на децата и наставниците, нејзиното отворање ќе биде онлајн. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука