Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГРК Охрид го порази Пролет, ја зацврсти лидерската позиција на табелата во групата А

Охрид, 18. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари славеа со 18-22 (12-10) на гостувањето кај екипата на Пролет, во заостанатиот натпревар од четвртото коло во Супер лигата.

Иако на пауза заминаа со два негатива, во второто полувреме со пресврт успеаа реазултатот да го доведат во своја корист. Најефикасни кај „гладијаторите“ беа Филип Кривокапиќ и Денис Тот.

Ракометарите на Охрид од шест одиграни средби имаат исто толку победи и се лидери во групата А со 18 бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука