Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за лице од селото Требош кое овозможувало користење дрога пред ноќен клуб во Охрид на друго лице

Охрид, 18. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.Џ. од селото Требош, општина Желино.

-Тој, во близина на ноќен клуб во Охрид, во неговото патничко возило, бил затекнат од полициските службеници како на А.А. од Тетово му овозможува користење кокаин. При преглед, кај пријавениот се пронајдени и одземени кокаин и марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука