Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Филиповска- Грашковска: Пријава за угостителски објект во Охрид каде не се почитувало ограничувањето од 4 лица на една маса

Скопје/Охрид, 18. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 9-ти до 15-ти ноември 2020 година, шесте инспекторати извршиле вкупно 4.822 контроли, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска- Грашкоска.

-Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 80 надзори при што се издадени 6 решенија. Исто така ДЗСИ издаде и 13.676 решенија за изолација на лица заболени или што биле во контакт со заболен. Државниот пазарен инспекторат во истиот период изврши 3.068 контроли и 619 надзори на угостителски објекти како кафетерии и ресторани во однос на почитувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести. Притоа пазарниот инспекторат поднесе 31 прекршочна пријава како и 2 забрани за вршење на дејност, соопшти Филиповска- Грашковска.

Таа појасни дека станува збор за еден угостителски објект во Гостивар кој работел по 21:00 часот, и еден во Охрид каде не се почитувало ограничувањето од 4 лица на една маса. И двата објекти освен тоа што се затворени, добиле и парични казни. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука