ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот ЕКО ФАП денес спроведе ЕКО акција кај „Паднатите борци“ (Фото)

Охрид, 18. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат еколошките акции на охридскиот ЕКО ФАП, кој денес повторно беше во акција.

Веќе добро познатата охридска ЕКО дружина денес го чистеше потегот кај т.н „Паднатите борци“, место кое е толку блиску до градот, што го прави едно од „омилените“ на неодговорните поединци кои фрлаат секаков вид отпад.

Image may contain: shoes and outdoor

Image may contain: 2 people, people standing, outdoor and nature

Image may contain: outdoor and nature

-Речено сторено! Еко – Фап денес реализира уште една во редот акции за почиста природа! 10м3 човечки срам, а од ова место останува да се подигне барем уште 2 камиони разновиден отпад, порача еден од главните „виновници“ за овие ЕКО акции, Горан Устијаноски.

Image may contain: one or more people, people standing and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, tree, shoes, outdoor and nature

Ова е само продолжување на ЕКО акциите на охридската ЕКО ФАП дружина. Акции кои треба да се поддржат од целата заедница и да бидат насока како се сака и чува животната средина. (Крај)

извор: Горан Устијаноски фото: Горан Устијаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука