Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со мала облачност и температура до 12. степени

Охрид, 19. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска во утринските часови променливо облачно, преку денот сончево со мала облачност и со слаб претежно североисточен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 12. степени.

– Утре ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Под влијание на продор на студена воздушна маса утре кон крајот на денот и во сабота ќе дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми, па во сабота дневната температура осетно ќе се намали, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука