Избор ОБРАЗОВАНИЕ Струга ТОП ВЕСТИ

Ученици од ОУ „Јахја Кемал“ во Струга го одбележаа Светскиот ден на детето

Струга, 19. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОУ „Јахја Кемал“ во Струга денес го одбележаа утрешниот, Светски ден на детето и порачаа дека не постои поголемо задоволство од среќно и насмеано дете.

-„Декларацијата за правата на детето“ беше објавена од Обединетите нации (ООН) на 20-ти ноември 1989 година. Секоја година, 20-ти ноември се слави како „Светски ден на правата на децата“ во светот и во Република Македонија. Ученици од Основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга (од 1, 2 и 3 година), го одбележаа 20-ти ноември, Светскиот ден на детето. Тие ги испратија своите убави желби кон иднината со балони, придружени со песната „We’ve All Got Rights“. Децата се гаранција за нашата иднина, нашата радост за животот, порачаа од училиштето.

Image may contain: one or more people and outdoor

Image may contain: outdoor

Image may contain: one or more people, sky, basketball court and outdoor

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука