Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жена од Радовиш со измама и’ одзела злато на стружанка

Струга, 19. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 36-годишната Л.Џ. од Радовиш.

-Таа, на 28-ми јули 2020 година успеала да убеди 27-годишна жена од струшко село да ѝ го донесе златото што го има во домот, кое ќе ѝ го вратела наредниот ден. Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука