Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Мал фудбалски маратон за ГФК Охрид Лихнидос, утре играат дома против Дрита

Охрид, 20. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридските фудбалери во следниве седум дена ги очекуваат три натпревари во рамки на Втората македонска фудбалска лига-запад.

Малиот фудбласки маратон започнува од утре со мечот на домашен терен против Дрита од 13:00 часот. Во среда му гостуваат на Скопје, а следната сабота, на 28-ми ноември дома го пречекуваат кичевски Велазерими.

Според моменталната состојба на табелата „рибарите“ се шести со 16 бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука