Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГРК Охрид го стартува вториот круг во групата А

Охрид, 20. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид викендов ги започнуваат натпреварите во вториот круг во А групата од Супер лигата.

Според распоредот, во две недели ќе одиграат шест натпревари. Првиот натпревар се игра во недела, на домашен терен против Голден Арт КЛ7. Следната сабота, 28-ми ноември, „гладијаторите“ му гостуваат на Радовиш, а три дена подоцна дома го пречекуваат Пролет. На 4-ти декември е езерското дерби, на 6-ти на домашен терен играат со Јуниор Кисела вода, а три дена подоцна гостуваат во Струмица, кај Астраион.

Во првиот круг „гладијаторите“ имаат одличен скор, шест од шест и се лидери во групата А, со 18 бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука