COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

13 вработени во СВР Охрид заразени со коронавирус

Охрид/Скопје, 20. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во СВР Охрид има 13 вработени кои се заразени со коронавирус, пишува „А1он“ повикувајќи се на извори од МВР.

На ниво на Министерството за внатрешни работи, инфицирани со COVID-19 се 344 вработени, од различни организациски единици, а најголем дел од активните случаи се во рамки на Бирото за јавна безбедност.

– Во рамки на организационите единици од активните случаи: 67 лица се вработени во службите при МВР, 87 во рамки на Бирото за јавна безбедност, 3 лица во РЦ за ГР Југ, 19 во РЦ за ГР Север, 3 во РЦ за ГР Исток, 8 во РЦ за ГР Запад, 83 во СВР Скопје, 13 во СВР Охрид, 14 во СВР Битола, 9 во СВР Штип, 18 во СВР Велес, 1 во СВР Куманово, 9 во СВР Струмица и 10 лица во СВР Тетово, велат од МВР за „А1он“.

Заболен со коронавирусот беше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Скопје. Од пред две недели, тој е пуштен на домашно лекување. (Крај)

извор: А1он фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука