Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за стружанец кој вршел јавен превоз на патници без лиценца

Струга, 21. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишниот С.С. од Струга.

-При контрола извршена на 20-ти октомври 2020 година, на стариот регионален пат Охрид-Струга, полициски службеници го затекнале пријавениот, кој управувал патничко возило „Опел астра“, со кое вршел јавен превоз на патници без да поседува извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај за такси возило, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука