Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Во вторник делумен прекин во сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Охрид, 21. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување градежни работи (минирање) на патниот правец Охрид-Кичево, на делницата од „Пресека“ до село Врбјани, во вторник, на 24-ти ноември, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, информираат од АМСМ.

Додаваат дека сообраќајот на овој патен правец ќе биде во прекин во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука