Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 7. степени

Охрид, 22. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и источен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 7. степени.

– Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука