Бочварски: На автопатот Охрид-Кичево се ангажирани 860 работници со 470 машини, изградбата е во полн ек
Скопје, 22. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве на автопатот Охрид-Кичево се ангажирани 860 работници со 470 машини и изградбата е во полн ек, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за Тв Сител.
-Во врска со патот Охрид-Кичево јас сум во комуникација со сите кои работат. Подготвени сме да влеземе и во законски измени заради експропријација во некои делови. Таму имаме такви случаи, но имаме и добри сигнали, се работи и оваа есен, има 470 машини, имаме 860 работници на овој проект, 58 отсто од работите се завршени, особено непредвидените клучки, имаме потрошено 350 милиони евра за реализација на овој проект. Не би проценувал рок на завршување, до моментот кога би видел дека целиот проект е завршен, тогаш ќе бидам сигурен. Добар сигнал е дека се одглавуваат проектите и дека се движат работите, изјави Бочварски.
Според него капиталните инвестиции, како оваа на автопатот, ќе се следат од еден центар во Скопје. Оваа новина на владата се очекува да донесе поефикасна реализација на капиталните проекти. (Крај)
извор: Тв Сител фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |