Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобна Матрона Цариградска

Охрид, 22. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Светата Православна Црква денес ја празнува Преподобна Матрона Цариградска.

Таа е од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.

Денес се празнува поменот и на Светите маченици Онисифор и Порфириј; Преподобен Јован Колов; Преподобен Ефтимиј Дохијарски и неговиот ученик Неофит; Свети Симеон Метафраст; Преподобна Теоктиста Пароска; Свети Нектариј Егински. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука