ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се санира покривот на црквата „Свети Јован Канео“ за да се спречи оштетувањето на фреските

Охрид, 22. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во црквата „Свети Јован Канео“, еден од најпрепознатливите симболи на Охрид и на Македонија, со средства од МПЦ и под надзор на Завод и Музеј Охрид во тек се активности за промена на оштетениот кровен покривач и дел од опшивките од оловен лим.

Се заменуваат старите и оштетени ќерамиди со нови атестирани и проверени, донесени од Грција, за да се спречи прокиснувањето во самата црква, јави порталот сдк.мк.

Последните зафати на кровната конструкција на овој споменик на културата биле направени во 1991, па со текот на времето влагата оштетила дел од ѕидовите во објектот.

-Поради оштетување се прави промена на дел од опшивките од оловен лим и кровниот покривач со идентични ќерамиди кои се поставени и на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, вели Тања Паскали од Завод и Музеј, конзерваторски надзор на зафатот.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Сдк.мк/Сузана Вренцовска фото: сдк.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука