Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Бројни награди за ученици од ОМУ „Методи Патчев“ на два интернационални натпревари

Охрид, 25. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОМУ „Методи Патчев“ и оваа учебна година ја започнаа со врвни резултати и бројни награди.

На осмиот интернационален натпревар „Охрид те сакам”, што се одржа на 21-ви и 22-ти ноември, Ана Матеска на флејта освои прва специјална награда, Ива Чанова и Леона Неделкоска исто така на флејта, сите во класата на професорката Нина Момировска.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Виктор Србиноски – виолина, ученик во класата на професорката Елица Рашкова освои прва награда, додека Павел Стоев, ученик во класата на професорот Кирил Белистојаноски, исто така на виолина, освои втора награда.

На интернационалниот натпревар „Охридски бисери“, Владимир Србиноски на пијано, ученик во класата на професор Даниел Чуркоски, ја освои втората награда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука