Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Идната среда ќе се избираат претседател и членови на студентското собрание при ФТУ Охрид

Охрид, 25. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ги известуваат сите редовни студенти дека во среда, на 2-ри декември 2020 година, во периодот од 08:00 до 14:00 часот, ќе бидат одржани непосредни избори со тајно гласање за избор на претседател и членови на студентско собрание при ФТУ Охрид.

-Право на глас имаат сите редовни студенти на факултетот. Студентското собрание е тело при Факултетот за туризам и угостителство кое работи во интерес на студентите. Токму поради тоа ваша студентска должност е да го исполните правото на глас, потенцираат од ФТУ Охрид. (Крај)

извор: ФТУ Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука