ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Апел за помош на охриѓанецот Никола Колоски

Охрид, 25. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Младинска организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, преку официјалниот Facebook профил на училиштето упатуваат апел за помош на младиот ученик Никола Колоски.

– Во овие тешки времиња на светска пандемија, како да заборавивме дека другите болести се’ уште постојат, дека има луѓе кои се разболуваат и од други болести. Другите болести постојат, тие се тука и луѓето секојдневно се борат со нив. Никола Колоски е ученик во прва година во Средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид и се бори за својот млад живот. Итно му се потребни средства за сложена операција во Германија. Секој хуман граѓанин кој може да оддели од својот скромен буџет, средства по своја желба, може да ги донира на жиро сметката: Стопанска банка 200002622926552, апелираат од Младинска организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука