
ВМРО-ДПМНЕ на протест во Охрид: Сега, за да не биде предоцна!
Охрид, 26. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од ВМРО-ДПМНЕ за утре најавуваат нов протест во Охрид под мотото „Сега, за да не биде предоцна“.
-Оставка на Заев, слобода на народот. Во петок, 27-ми ноември 2020 година со почеток во 18:00 часот. Од влезот на Охрид до ЈП „Билјанини извори“. Придружете се, потенцираат од партијата.
До сите учесници апелираат да се почитуваат мерките за заштита од COVID-19 и секој со себе да носи лична заштитна опрема. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |