Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со мала облачност и температура до 13. степени

Охрид, 27. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 13. степени.

– Утре во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури значително ќе се намалат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука