Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Средношколците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во понеделник ќе даруваат крв

Охрид, 27. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, на 30-ти ноември 2020 година, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Охрид ќе ја организира редовната крводарителска акција во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид.

Акцијата ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина од Охрид со цел обезбедување на крвни единици кои се потрeбни во овој период.

-Почитувани средношколци, Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело, да даруваме крв за оние на кои им е најпотребна. Сите заинтересирани средношколци треба да ги исполнуваат следните услови, а воедно да носат документ за лична идентификација (лична карта/пасош), да се на возраст над 18 години и да се чувствуваат здраво. Придружете ни се, донирајте крв и спасите нечиј живот. Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука