ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Нефи Усеини поднесе оставка од Советот на Општина Охрид

Охрид, 28. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Бизнисменот Нефи Усеини повеќе не е член на Советот на Општина Охрид, откако поднесе оставка од фунцијата, јави порталот А1он.

Точката е ставена како предлог за разгледување на следната седница. Против советникот од редовите на ДУИ се води судска постапка, чии рочишта двапати по ред се одложуваат.

Нефи Усеини и неговиот брат Ибро се обвинети за насилство што се случи на 18-ти август пред хотел во Охрид, кога физички го нападнале охриѓанецот Спиро Топаловски. На браќата им беше одреден притвор од осум дена, но тие шест дена беа во бегство по што сами се пријавија во затворот во Охрид.

Нефи и Ибраим Усеини понудија гаранција во висина од 30.000 евра во кеш за да им се укине мерката притвор или да им се замени затворскиот со домашен притвор или друга поблага мерка. Обвинителството не ја прифати првата понуда, па потоа браќата Усеини понудија гаранција од 850.000 евра во недвижен имот и беа пуштени да се бранат од слобода. Во притвор беа 16 денови.

Освен гаранцијата во недвижен имот други мерки за обезбедување не му се одредени на Усеини. Пасошот не му е одземен, па така тој минатиот месец замина на операцијата на синуси во Турција. (Крај)

извор: А1он/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука