Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Откриени и мапирани нови археолошки локалитети и поединечни наоди на источниот брег од Охридското Езеро

Охрид, 28. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј“ од Охрид минатиот месец спроведе проект за „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридско Езеро.

-Целта на проектот беше да се рекогносцираат локациите за кои постоеја индиции за археолошки локалитети и поединечни наоди, да се дефинираат нивните граници, да се позицинира нивната географска местоположба со помош на GPS уреди, но и да се откријат нови локалитети, со крајна цел нивно запишување во националниот регистар на културното наследство во Република Македонија. Потребата за проект од овој тип произлезе од интересот на домашни и странски гости за авантуристички туризам, односно преку нуркачки активности да се посетуваат атрактивни локации во водите на Охридско Езеро. Проектот имаше и заштитен карактер, бидејќи со прогласувањето на локалитетите и поединечните наоди за културно наследство, истите ќе бидат заштитени од нелегални посети и активности, информираат од Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид.

Image may contain: outdoor

Image may contain: one or more people, sky, swimming and outdoor, text that says 'CAN ONE PRO DIVING CENTER AMFORA OHRID MACEDONIA'

Додаваат дека покрај рекогносцираните делови кај селата Пештани и Трпејца, посебно внимание привлекле наодите на две локации во околината на локалитетот „Плоча Миќов град“, откриени при слободни нуркачки активности на членови од нуркачкиот центар Амфора од Охрид.

Image may contain: plant and outdoor, text that says 'DIVING CENTER AMFORA OHRID MACEDONIA'

Image may contain: plant, outdoor, nature and water

-Во првиот случај станува збор за три фрагментирани керамички садови за складишна употреба – питоси, лоцирани на длабочина од 45, 35 и 5 м под површината на водата, а во вториот случај тоа е наодот на градежна керамика, односно покривни тегули од лаконски тип, откриени на длабочина од 19,5 м. Тегулите од лаконски тип биле во употреба во долг временски период низ антиката, но во конкретниов случај станува збор за тегули со потекло од доцната антика, за прв пат откриени во водите од Охридското Езеро. И во двата случаи, оддалеченоста на предметите на 70 – 100 метри од брегот на езерото, укажува на фактот дека истите биле транспортирани по вода со некаков пловен објект, а од засега непознати причини биле истоварени на овие места, потенцираат од „Амфора“.

Image may contain: 3 people, people standing, ocean, sky, outdoor, nature and water

Image may contain: plant and outdoor

Ова рекогносцирање дава првична слика за она што се случува со овие локалитети и наоди, со што се добива појдовна точка во размислувањето за нивната иднина, која секако ќе опфаќа дополнителни археолошки истражувања, со крајна цел надополнувaње на сликата за животот во крајбрежниот појас од Охридското Езеро од праисторијата до денес. Раководител на проектот е археологот, виш кустос Бојан Танески. (Крај)

извор: НЦ Амфора фото: НЦ Амфора

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука