ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото Блато (Видео)

Белчишта, 29. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачкиот Центар „Акватек“ од Охрид и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам-2016“ од Охрид, изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото Блато.

-Најголемото блатно езерце Сино Дувло крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како изворите од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим во Св. Наум. Низ шуплините од камењата има мали рипчиња – писи и ракчиња. Измерена е длабочина од околу 4 метри, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. За жал, како и во Охридското Езеро, и од Сино Дувло извадивме дел од човечката неодговорност – една автомобилска гума, информираат од Нуркачкиот Центар „Акватек“ . (Крај)

извор: Нуркачки Центар „Акватек“ фото/видео: Нуркачки Центар „Акватек“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука