Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекрасната „Ден по ден“ на Ѓоко Танески доби и видео приказна (Видео)

Охрид, 5. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Прекрасната „Ден по ден“ на Ѓоко Танески, со која тој го освои второто место на годинешното издание на фестивалот „Макфест“ доби и соодветна видео приказна, која уште повеќе ќе ја зголеми слушаноста и популарноста на оваа одлична песна.

-Убавината доби форма, Песната се закити со видео запис, кој е достоен за да го погледнете. Драги пријатели и непријатели, сега можете и визуелно да уживате. Коментирајте и шерувајте, порача Танески на неговиот профил на Facebook.

Тој испрати и посебна благодарност до Сара Пројковска која го напиша текстот за песната, Никола Мицевски кој ги направи музиката и аранжманот, Мила Василева која се појавува во спотот и режисерот на видеото Јован Куциноски од Motion Emotion.

Погледнете и уживајте.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука