Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Заокружена првата фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа

Дебрца, 15. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши првата фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловно- откупен и археолошко -изложбен центар.

– Во оваа фаза се изврши реконструкција на кровната конструкција, зајакнување на меѓукатната конструкција, поставување на нова дограма, изменување на распоредот во внатрешноста, таванската конструкција во приземјето, поставување на електричната инсталација и поврзувањето на водоводната мрежа и одведувањето на отпадните води, информира градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

Сликата може да содржи: куќа и од надвор

Сликата може да содржи: внатре

Вкупната вредност на работите изнесува 2.500.000 денари, а средствата беа обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој за 2020 година.

Според најавите, долниот кат ќе се користи како деловен простор и дел за потребите на Месната заедница од село Требеништа. Во горниот дел ќе биде отворен Археолошки изложбен центар Требеништа во кој ќе бидат изложени сите артефакти и археолошки вредности кои се најдени во позната Требенишка Некропола и од цела територија на Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука