Спорт

НБА: Победи на Кливленд и Хјустон

Хјустон, 7. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Кливленд и Хјустон синоќа ја искористија предноста на домашен терен и славеа против своите опоненти во полуфиналните серии од Плеј офот. Кливленд го победи Чикаго со 106-91, а најефикасен беше Леброн Џејмс со 33 поени.

Хјустон во вториот натпревар од серијата славеше со 115-109 против ЛА Клиперс. Гостите на полувремето водеа со 65-56, но „Ракетите“ во вториот дел ја надополнија негативата и стигнаа до победата.

Резултатот во победи сега е 1-1. (Kрај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука