Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ Хроника

Запленети околу 4.000 пиротехнички средства во Дебрца

Белчишта, 24. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти и 24-ти декември 2020 од страна на полициски службеници на СВР Охрид во полициска станица биле повикани 39-годишниот Г.В. од селото Белчишта, општина Дебрца, шеф на два маркета во селата Белчишта и Злести и 46-годишниот С.Г. од селото Србјани, кичевско, сопственик на маркетите.

– При претрес во нив извршен со судска наредба и во координација со Јавен обвинител, биле пронајдени 3.963 разни пиротехнички средства. Истите се одземени и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука